Кисела Вода: Сите жители да покажат хуманост преку храна и облека за семејствата од Драчево


Претставници од општина Кисела Вода заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода, излегоа на местото на несреќниот случај во селото Драчево и во кој настрадаа повеќе лица.gradska nokj

Додека се очекуваат резултатите од официјалната истрага на надлежните институции за пожарот кој уследи по двете експлозии во семејната куќа во ова село, градоначалникот на општина Кисела Вода изрази сочувство и жалење за настанатата ситуација, истакна дека ја следи здравствената состојба на повредените, посакувајќи им што поскоро да закрепнат.

Воедно, апелираше до сите жители на општината, од сите месни заедници, да ја покажат својата хуманост и да излезат со првична помош во храна и облека за семејствата на настраданите.

Информираше дека ќе поднесе барање до Советот на општина Кисела Вода, за веќе на следната седница на Советот да може на овие семејства да им биде одобрена парична помош од страна на општината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1