Ненадејно починал шефот на руското воено разузнавање Игор Сергун


Шефот на главната руска разузнавачка служба Игор Сергун ненадејно починал во 58-та година од животот, информира вчера руското Министерство за одбрана, пренесува Танјуг, пишува МИА.

Во соопштението на Министерството се наведува дека Сергун починал во неделата, но не се наведени детали за причината на смртта, ниту за местото каде починал, пренесуваат американските медиуми.igor-sergun

Се верува дека воената разузнавачка служба, попозната по скратеницата ГРУ, е најголемата руска надворешна разузнавачка служба, наведуваат американските медиуми.

Сергун на чело на ГРУ беше именуван во 2011 година, а претходно бил руски воен аташе во Тирана, во Албанија.

Рускиот претседател Владимир Путин упати изрази со сочувство до неговото семејство, во  кое наведе дека колегите и подредените го знаеле како вистински воен офицер, искусен и компетентен командант, многу храбар човек и вистински патриот и го почитувале неговиот професионализам, силен карактер, чесност и пристојност, пренесе ТАСС.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1