Киселината и ги уништила сите органи – Нови детали за грозоморното убиство на Драгана


Чедомир Ѓуриќ (66) од српското село Салаш брутално ја претепал и убил младата девојка Драгана Ќириќ (18) од истото село, а додека сѐ уште давала знаци на живот ја натерал да се напие смртоносен раствор – солна киселина. Потоа телото го фрлил во езеро.
Ја повикав Драгана да разговараме, сакав да ја убедам да престане да се гледа со други момчиња. Дојде до кавга и почнав да ја удирам. Престанав кога таа веќе не мрдаше.ubistvo srbija dragana
Ова, како што неофицијално дознава српски „Курир“, го рекол 66-годишниот Ѓуриќ на сослушувањето во полиција која завчера го уапси поради брутално убиство на матурантката Драгана, чие тело е пронајдено во Глоговачко Езеро. Наводно тој бил во врска со тинејџерката, а мотивот за злосторството е љубомора.
Како што дознава весникот, Драгана Ќириќ починала во најтешки маки.
– Телото беше деформирано. Утврдено е дека солната киселина буквално ѝ ги уништила внатрешните органи. Имала голема мака бидејќи била жива додека ја голтала солната киселина – вели соговорник од истрагата.devojce333
Ѓуриќ бил вљубен во Драгана, која била матурантка во Економското училиште и живеела во интернат во Зајечар. Постојано ѝ купувал подароци, но проблемот настанал кога девојката почнала да се гледа со други момчиња.
– Ја повикав за да ѝ објаснам дека веќе не треба да се гледа со други. Сакав само со мене да го поминува времето. Се расправавме. Ми го искрши телофонот и збеснав, па ѝ удрив шлаканица. Таа скокна врз мене. Се избезумив и почнав да ја удирам со тупаници, а потоа и со нозе додека сѐ уште даваше знаци на живот – признал Чедомир.
Потоа го фрлил телото во езерото.cedomir
Сопругата на Чедомир, пак, тврди дека тој е невин и вели дека Драгана била негова миленичка.
– Ѝ купувавме сѐ што ќе посакаше. Немаме деца, а Чедо посебно ја сакаше. Но, кога почна да се мота со момчиња, беше дрска спрема нас, нѐ избегнуваше и нѐ нарече цигани. Нејзините момчиња почнаа да го прогонуваат Чедо, а еден од нив и го натепа – раскажува сопругата Милосава.
Таа уверува дека нејзиниот сопруг е невин и дека „тоа го направиле нејзините момчиња“.
– Соругот ми рече: „Ќе признаам сѐ, само да ме тепаат“. Ако нешто кажал, тоа е поради тоа што е болен и не трпи удари. Стравувам дека некое од момчињата ќе ме нападне. И нејзиниот очув ни се закануваше дека ќе фрли бомба на нашата куќа – вели Милосава.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1