Клати врата, земај плата може да се прогласи за професија во Македонија


 Кратко време пред Владата и општините раководени од кадри на СДСМ да се скараат за прераспределбата на 1.600-те вработени преку лотаријата на „Македонски шуми“, кај дел од јавноста предизвика интерес едно писмо што читателка го испратила до порталот „Бриф“. Во него таа објаснува дека била во Фондот за здравствена заштита да си ја земе здравствената картичка и заедно со неа во канцеларијата влегле и двајца млади, кои покажувале дека им стигнал СМС да си ги подигнат своите картички.

no workВработената од фондот им објаснувала дека пораките не биле за да дојдат таму, туку за да си ги земат од институциите каде што биле вработени. Тука доаѓа главното – не знаеле во која институција се вработени, бидејќи биле примени преку рамковниот договор, седеле дома и им стигнувала платата на сметка во банка.

Тоа не е никаква тајна или афера. Државата си признава дека не може да им најде работа на сите рамковно вработени и дека многумина од нив земат плата без да работат. Дури и Европската Унија реагира на ова во последниот извештај за напредокот на земјава. Но згора на сѐ, државата спроведе и лотарија за вработување, па сега и тие работници ги распределува низ институциите.

Кавгата сега е за тоа дали има или нема потреба од нови вработувања во установите каде што се нудат. Но кој го определува тоа? Какви се критериумите? Според мислењата на познавачите од оваа област, нема ништо друго освен тресење од ракав. Во принцип, власта може да измисли колку што сака работни места. Дури и нишај врата, земај плата може да се прогласи за официјална државна професија и не постои закон ниту правило што може да го спречи тоа.

Инаку, оваа состојба трае повеќе од пет години, а нејзиното средување го најавуваше уште поранешниот вицепремиер Абдилаќим Адеми (денес министер за животна средина), но моделот за распределба на овие вработени не се направи. Се претпоставува дека нивната бројка е над 500 лица. Не се знае колкумина од нив не го знаат ниту името на институцијата каде што се водат како вработени.

Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1