Клинт Иствуд: Ќе гласам за Трамп, другите се кукавици!


Изминатите денови многу славни личности го критикуваа Доналд Трамп поради бројните политички некоректни изјави, но ги има и оние кои застанаа во одбрана на републиканскиот кандидат за претседател на САД.klint istvud

Легендарниот актер и режисер Клинт Иствуд во интервјуто за „Есквајер“ рекол дека живееме во „тажни времиња“ и дека двајцата претседателски кандидати во САД, Доналд Трамп и Хилари Клинтон „трескаат глупости“, но дека, сепак, застанал на страната на Доналд Трамп.

– Би морал да гласам за Трамп. Трамп, сепак, има нешто, бидејќи на сите потајно им е преку глава од политичката коректност и подлизурковци. Ова е генерација на подлизурковци, ние навистина живееме во генерација на кукавици. Сите одат како по јајца – рекол Иствуд.

Легендарниот актер навел дека Трамп „го зборува она што го мисли“ и дека тоа понекогаш не е добро.

– Разбирам за што зборува, но едноставно не сум секогаш согласен со тоа – рекол Иствуд.

„Валкниот Хари“, рекол дека обвиненијата дека некој е расист се претерани и дека тоа не било така кога тој растел. Всушност, Иствуд е роден во 1930 година. кога на сила низ Америка и понатаму биле законите на расната сегрегација.

– Знаете, сега одеднаш Трамп е расист, бидејќи рече за судијата Гонзало Куријел дека донел лоша одлука затоа што е од мексиканско потекло. Трамп трескаше глупости, но тоа сите го правеа, од двете страни. Меѓутоа, сега медиумите се виленат и велат дека нешто е расизам и од тоа прават голема работа. Едноставно само прејдете преку тоа – порачал Иствуд во интервјуто за „Есквајер“.

Иако е добро познато дека актерската легенда е републиканец, многумина ваквиот негов став многу лошо го прифатија, објаснувајќи дека Иствуд не може никако во позитивна смисла да го претставува „неговото време“, бидејќи во времето кога тој растел сегрегацијата била сосема отворена, а дури постоеле и логори за американски граѓани со јапонско потекло.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1