Некогашната службеничка на Белата куќа, Моника Левински, која имаше сексуална афера со некогашниот американски претседател Бил Клинтон, одлучи конечно да проговори за се што тогаш се случувало
Левински одлучи да ја отвори душата во колумна, која допрва треба да ја напише и објави.
-Одлучив да ја извадам главата од песокот и да проговорам за моето минато. А колку тоа ќе ме чини, допрва ќе видам, рече таа за Индипендент.
Левински призна дека односот кој се случил меѓу неа и поранешниот американски претседател, бил однос меѓу две возрасни личности, но исто така наведе дека длабоко се кае поради тоа.
-Да, мојот шеф ме искористи. Но се уште цврсто стојам на ставот дека тоа беше доброволен однос. Секоја злоупотреба дојде подоцна, кога послужив како жртвено јагне за зачувување на неговата положба, рече Левински и повеќе детали најави дека ќе открие во нејзината колумна.