Клинтон: Наскоро може да не посетат вонземјани (Видео)


Некогашниот претседател на Соединетите Американски Држави Бил Клинтон, гостувајќи во емисијата „Џими Кимел во живо“, ги сподели со нацијата своите размислувања за вонземјаните. Тој рекол дека не ја исклучува можноста да постојат.

klintonКлинтон признал дека штом станал претседател, ги испратил своите помошници да ја истражат „Областа 51“, воена база во Невада, како би се уверил „дека таму долу нема вонземјани“.

Исто така бил заинтересиран за Розвел, местото каде наводно во 1947. паднало вонземјанско летало.

– Ги погледнав сите докуметнти за Розвел. Се`, рекол Клинтон.

– И ако би дознале дека таму навистина имало вонземјани, дали би ни кажале? – прашал водителот.

„Аха“, одговорил Клинтон ноншалантно.

Клинтон понатаму рекол дека, земајќи ја во предвид големината на универзумот, и постојаното откривање нови планети, сосема е можно да „не сме сами“.

– Ако еден ден некој не посети, не би бил изненаден. Само се надевам дека нема да биде како на филмот „Денот на независноста“ – рекол Клинтон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1