Алармантно: Земјата ќе се поплави – Глечерите брзо се топат


Истражувачите кои ги проучуваат глечерите, откриле дека нивното топење во изминатите 40 години е зголемено за неверојатни 75%

На глечерите Хју на Антарктикот, мразот се топи побрзо отколку што се очекувало. Количината на стопениот мраз на западниот дел на Антарктикот, пораснала за 77% во периодот меѓу 1973 до 2013 година, наведено е во извештајот.

260607_grenland-glecer2-ap_ffИстражувачите проучувале шест глечери- островите Пајн, Твејтс, Хејнс, Смит, Папа, Кохлер и откриле дека нивното топење предизвикало зголемување на нивото на морето во периодот од 2005 до 2010 година.

Ова укажува дека од овие шест глечери се стопила истата количина на мраз, како онаа која се наоѓа на целиот Гренланд.

Глечерот по име остров Пајн, е најактивен глечер од кој се одвојуваат најмногу парчиња.

Најширокиот глечер Твејтс, е вклучен во истражувањето откако нагло започнал да се топи и да се движи во 2006 година.

-Откривме дека дошло до зголемување на топењето на мразот, кое ќе има големо влијание на зголемувањето на нивото на морето, рече Џереми Моугино, специјалист за глечери и еден од главните истражувачи, кој додаде дека состојбата е алармантна затоа што отцепувањето и топењето на глечерите е зголемено за 75% во изминатите 40 години.

gleceriИстражувачите ги анализирале пукнатините на глечерите во текот на години, за да откријат колку тие се прошириле.

-Доколку глечерите се срушат и стопат одеднаш, тоа би предизвикало раст на нивото на морето за повеќе од еден метар, истакна уште еден истражувач ангажиран  на овој проект, професорот Ерик Риго.

Огромните глечери се топат поради дотокот на топла вода, додека нивниот обем значително се намалува. Сето тоа значи дека повеќе мраз се влева во океаните, а со оглед на глобалното затоплување, се стравува дека топењето на глечерите ќе продолжи и во иднина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1