Државниот здравствен и санитарен инспекторат на 30 дена ги затвори приватната лабораторија за цитологија и хистологија “Хистолаб” и “Промедика медикал центар”, каде што без дозвола работеле и двајцата лекари.
Професорот читал цитолошки резултати во приватна лабораторија во којашто воопшто не бил пријавен како вработен. Во исто време вршел и дополнителна дејност иако тоа не е дозволено со законот. Примариусот од Пластична правел реконструктивни операции во установа која нема дозвола за таа намена.
Во “Промедика медикал центар” била затекната докторка вработена на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, која давала здравствени услуги од областа на пластичната и реконструктивна хирургија, иако приватната здравствена установа немала дозвола за работа за таков вид услуги. Лекарката лично од инспекторите е затекната во приватната здравствена установа, во рамки на работното време. Инспекцискиот надзор е почнат во 13 часо.
Поради незаконското работење двајцата лекари можат да добијат дисциплинска во клиниките во коишто имаат засновано работен однос. Засега нема проценка дали и колку се оштетени пациентите кои имале потреба од овие услуги.