Кој ќе биде судија во „Рекет“


Како што веќе објавивме Кривичен суд одлучи – на Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски ќе им се суди за обвинението од Вилма Русковска.

Бојан Јовановски , Катица Јанева и Зоран Милевски кои во моментов се наоѓаат во притвор во затворот во Шутка ќе седнат на обвинителна клупа за случајот во кој се гонат дека изнудиле 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев .

Обвинителниот акт е потврден од Скопскиот кривичен суд кој ги отфрли приговорите на тројцата обвинети а обвинителниот акт поднесен од Обвинителството за организиран криминал на Македонија е целосно одобрен и донесен на затворена седница на Судскиот совет за обвинението и без присутните странки.

Според соопштението, на тоа решение не било дозволено право на жалба, а откако ќе се формира кривично дело и ќе се избира судијата по електронски пат, ќе биде закажана јавна расправа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1