Коби Брајант тешко повреден


Во последните секунди од ноќешниот дуел на гостински терен против Атланта со тешка повреда на скочниот зглоб се здоби Коби Брајант, најдобриот играч на Лос Анџелес Лејкерс.

При резултат 94:92 а противничкиот тим, Брајант се обиде во свој стил со влез и скок-шут наназад да го изедначи резултатот, противничкиот играч Донти Џонс во обид да го спречи „влета“ во него а Коби при падот го повреди зглобот и остана да лежи на паркетот.

kobi brajantВо изјава по натпреварот Брајант потегот на Џонс го оквалификува како неспортски, а одлуката на судиите да не досудат прекршок како неправилна.

– Судиите мора да го заштитат шутерите. Не може туку така буквално да се влета во играч и да не се досуди ништо. Посебно опасни се ситуациите кога играчот што шутира скока наназад, рече ѕвездата на Лејкерси.

Тој не сакаше да прогнозира колку ќе отсуствува од кошаркарските терени, но рече дека ќе ги слуша советите на лекарите со цел што е можно побргу враќање на натпреварите. Лејкерс покрај загубата на Брајант ноќеска го загубија и натпреварот со Атланта, епилог што ги врати чекор назад во обидот по лошиот старт на сезоната да изборат пласман во плеј-офот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1