“Сите деца кои биле во контакт со заразениот сега се наоѓаат под надзор”, рекол тексашкиот гувернер Рик Пери на конференцијата за новинари во средата.
Петмината ученици не покажуваат никакви симптоми, а секој од нив оди во различно училиште, па така здравствените работници биле распоредени по нивните училишта за поопширно да ја следат ситуацијата.
Реномираните американски експерти од областа на медицината признале дека не е “невозможно” да дојде до нови случаи на зараза.
Лекарот Том Фриден, директор на Центарот за контрола и превенција од заразни болести, истакнал дека верува дека болеста ќе биде искоренета во Тексас и нема да се шири дополнително.
И покрај тоа што пациентот заразен од ебола и кажал на медицинската сестра дека неодамна во Тексас пристигнал од западна Африка, таа не ја проследила информацијата до остатокот од медицинскиот персонал и човекот го пратила дома со кутија антибиотици, рекле официјалните извори
Заразениот Американец на 26. септември бил пратен во својот дом и покрај тоа што покажувал симптоми на вирусот. Пациентот бил хоспитализиран дури два дена подоцна, откако симптомите се влошиле.
“Лице со температура и пролив, кое неодамна се вратило од Либерија треба веднаш да оди на тестирања за ебола. Се’ друго е надвор од протоколот”, рекол Ричард Бесер, уредник за здравство и медицина во ABC News.