Девојче исчезнато пред 12 години, пронајдена во Мексико (Видео)


Американката Сабрина Ален, која исчезнала пред 12 години, била пронајдена во Мексико и вратена дома, објавиле од “ABC News”.

Полицијата во Остин, главниот град на Тексас, потврдила дека девојчето било пронајдено и вратено кај своето семејство. Не биле соопштени никакви дополнителни информации. Била свикана конференција за новинари на која локалната полиција и ФБИ ќе ја известат јавноста за апсењето на киднаперот на Сабрина и други детали од случајот.сабрина-ален

Сабрина во моментот на исчезнувањето имала 4 години. Според зборовите на приватниот детектив Филип Клајн, кој работел на овој случај, таа била пронајдена во град југоисточно од главниот град на Мексико, Мексико Сити.

Акцијата за спасување ја извела мексиканската федерална полиција, во соработка со американските власти, тврди Клајн, и додава дека еден од мексиканските агенти за време на акцијата бил полесно повреден. Девојчето било преземено од својата мајка и одведено болница во Хјустон на детални прегледи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1