Едно петгодишно момче во американската сојузна држава Мисури си играло со пиштол и случајно во глава во погодило својот деветмесечен брат, јавија американските медиуми.
Бебето е прогласено за мртво веднаш штом е префрлено во детската болниц Мерси во Канзас Сити вчера претпладне.
Локалните медиуми јавуваат дека полицијата на самото место утврдила дека момчето во куќата пронашло пиштол калибар 22 и дека го преместувал од една во друга рака кога случајно оружјето испукало.
Куршумот го погодило во глава деветмесечното бебе кое се наоѓало во креветчето.
Локалниот шериф Дарен Вајт случајот го прогласи за несреќен.