На 26 февруари 2004 година македонскиот претседател Борис Трајковски со државната делегација отпатува на меѓународната донаторска конференција што се одржа во Босна и Херцеговина.
Во трагичната авионска несреќа во близина на Мостар живот го загубија сите девет патници, меѓу кои и претседателот Трајковски. По повеќе од десет години од трагичната несреќа сè уште не се знае вистинската причина за падот на авионот.
Со која цел се крие вистината сиве овие години?, прашува Ал џезира Балканс во документарецот за Трајковски.