Кривична пријава е поднесена против 24 годишниот М.Ѓ. од Кочани поради основи на сомнение за сторено силување.
-Пријавениот, ноќта помеѓу 24/25.09.2016 година, откако ја отклучил влезната врата од куќата во која живеела оштетената 79 годишна жена од Кочани, влегол внатре ја удирал со тупаници во пределот на главата, а потоа извршил обљуба над неа, информираат од полицијата.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор од 30 дена.