Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.Л. (46) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.
Во периодот од ноември 2017 до 9 јули годинава година во неговиот дом во Кочани пријавениот, со закана дека ќе објави слики со компромитирачка содржина, во неколку наврати извршил обљуба врз женско лице од Кочани.