Поранешниот генерален секретар на ОН и добитник на Нобелова награда за мир Кофи Анан ќе бие погребан во својата родна Гана на 13 септември, изјавил денеска претседателот на Гана, Нана Акуфо-Адо.
Тој на делегацијата на семејството на Анан и рекол дека Анан ќе биде погребан со државни почести во согласност со неговиот статус како глобална личност, дипломат и државник.
Анан почина во швајцарска болница во саботата во 80.година. Кофи Анан два пати беше на местото генерален секретар на ОН.