Кога го отворивме гробот на Исус – инструментите престанаа да работат (Видео)


Археолозите, коишто ги проучуваат светиите во Храмот на Светиот гроб во Ерусалим, откако неодамна првпат по 450 години беше симната мермерната плоча која го прекриваше, утврдиле дека погребната Ложа на Христа е сочувана недопрена, пишува во понеделникот списанието National Geographic.

Археолозите на 26-ти октомври ја отстранија мермерната плоча од погребната Ложа на Христа во Кувуклијата, параклисот над Светиот гроб во ерусалимскиот храм Воскресение Христово (познат и како Храмот на Светиот гроб), којашто била подигната во XVI век и досега не била подигната. Според преданијата, мермерната плоча била поставена во 1555 година и досега не била поместувана. Причината поради којашто била поставена плочата е тоа што многу аџии се обидувале да откршат за себе дел од реликвијата.grobnica-isus

Отстранувајќи ја плочата, научниците под неа пронашле многу камени остатоци. Растргнувајќи ги камењата, археолозите откриле над нив уште една плоча со вдлабен на неа крст, којашто, како што претпоставуваат научниците, била поставена во времето на Крстоносните војни. Во завршната фаза од работите, истражувачите пронашле издлабена во варовник погребна Ложа. Се покажало дека таа била зачувана во целост, и покрај тоа што ѕидовите од пештерата, во којашто се наоѓала, биле уништени заедно со оригиналната градба на Храмот на Светиот гроб на почетокот од XI век по указот на калифот Хаким, под чијашто власт тогаш бил Ерусалим.

Научниците го проучувале древниот споменик континуирано без престан во текот на 60 часови сé додека вечерта на 28-ми октомври покривната плоча на светијата не била вратена на своето место. За тоа време научниците спровеле темелни испитувања и снимки на оваа реликвија, а исто така, ги документирале своите наоди за натамошни истражувања. Според руските медиуми, реставрацијата на Кувуклијата ја спроведувале експерти од Атинскиот државен технички универзитет во координација со соработници од Универзитетот во Фиренца и специјалисти од Ерменија.

Дневник разговараше со еден од научниците еве што вели таа..

Чувствував нешто што не може да се опише со зборови. Kако може да се опише чувство кога по цели седум века пред вас се крева плочата што го покрива најсветото место на христијаните во светот, дека сте први што го гледате тоа. На ваков начин Антонија Марополо, хемиски инженер од Национален технички универзитет во Атина, ги опишува своите чувства како водач на експертскиот тим кој минатата година направил единствен потфат во светот со отворањето на гробот на Исус Христос.

– Отворањето се случи првпат по седум века. Затоа и нашите чувства и одговорноста беа уште поголеми – вели таа, кога излегов надвор откако почнавме да го истражуваме гробот, реков дека инструментите што претходно ги поставивме на плочата на гробот за да го забележиме секој момент, вибрации и слично, се исклучија. Тоа беше факт. Не можам да го објаснам тоа, но го снимив. Со сигурност можам да ви кажам дека околу ова место постои некоја енергија, која е многу, многу силна.isus-grob

– Геометриските мерења покажуваат дека големата плоча над камената подлога на гробот на Исус е оригиналната. Ја оставивме така, скршена, но таа е оригиналната. Тоа посочува дека ние сме го откриле гробот кој бил откриен од Kонстантин и Елена и бил обвиен со мермер. Другата плоча што е над неа, исто така, беше оригинална, но од подоцнежен период.

-Гробот беше отворен 60 часа и за тоа време завршивме се што планиравме. Инаку, сето друго време во тие осум месеци работевме само ноќе за да можат поклониците да го посетуваат местото.

Местото на погребението на Исус Христос било откриено три века по Распетието од посланиците на римскиот император Константин, кој го прогласил христијанството за државна религија. Пештерата, во којашто се наоѓа Светиот гроб, била осветена под основата на пагански храм, изграден по указот на императорот Адрија, кој заповедал да се создаде нова колонија на местото од Ерусалим, разурнат од римјаните во 70 година пред Христа.

„Не можеме со апсолутна сигурност да кажеме дека местото на коешто е подигнат Храмот на Светиот гроб е местото на коешто е погребан Исус, но според нас, сигурно, не постои друго место коешто толку би му одговарало, и не постојат причини да ја негираме автентичноста на ова место“, вели за National Geographic израелскиот стручњак за археологијата на Ерусалим, Дан Бахат.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1