Кога грми, бегајте од плоштадот


Експертите алармираат дека спомениците се идеални приемници за електричните празнења, па е потребна дополнителна громобранска заштита за минувачите, Пишува утрински весник.

skopje1Експертите за громобрани одамна алармираа дека централниот плоштад нема заштита од громови, па кога грми минувачите треба да стојат подалеку од „Воинот на коњ“, кој е највисокиот објект во овој дел на центарот. Според нив, мечот на Александар, кој е највисоката точка на плоштадот, е идеален повикувач на громови. Ако се тргне од претпоставката дека споменикот има одлично изведена громобранска заштита, тогаш за скулптурата нема опасност, зашто таа ќе го спроведе громот во земја.

Но, луѓето што би се нашле во близина директно се изложени, па дури може и да загинат, оти нив громобранот на споменикот не ги штити. Стручњаците објаснуваат дека повикувањето громови со висината на споменикот е неколкукратно зголемено, а истовремено опасноста е зголемена со самото тоа тоа што скулптурата е во фонтана, односно во вода која е голем спроводник. Близината на Вардар, пак, го прави споменикот беспрекорен повикувач на громови.

Градските власти најавија дека од буџетот за 2013 година ќе издвојат 4 милиони денари токму за оваа намена. Силните пролетни светкања деновиве убаво ги почувствуваа сите скопјани, па од Градот соопштуваат дека во моментов спроведуваат постапка за избор на проектант кој ќе изработи проект за громобранска заштита на плоштадот. Не кажуваат дали и какви громобрани опстојуваат во строгиот центар.

Повеќе на – утрински весник

Foto – A1On

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1