Јована Поповиќ(20) од Банатско Караѓорѓево е убиена на 2 јули со два куршума во срцето во масакрот во Житиште, кога Синиша Златиќ пукаше од калашњиков при што усмрти 5, а рани 20 гости во кафе барот Макијато.
Родителеите на Јована се заканиле на братот и таткото на Златиќ дека ќе ја одмаздат својата ќерка, која е најмлада жртва на трагедијата и дека целото семејство ќе помине како што таа поминала.
-Буквало му се јавиле на Александар и му рекле:Имате 3 дена да избегате. Кога ќе ја закопаме Јована и кога се ќе заврши, ќе дојдеме по вас и сите ќе ве убиеме – рекол соговорник близок на семејството.
-Крвната одмазда нема да ја преживеете. Нашата Јована ќе ја одмаздиме – додал истиот соговорник.
Јована Поповиќ била на прва година на Правниот факултет во Нови Сад, а животот го изгубила пред очите на родената сестра Јелена (18) во масакарот викендов.