Возило заврши во водите на Охридското Езеро кај Елешец


vozilovovoda2

ОхридПрес

Возило излета денес од коловозот на патот Охрид-Свети Наум кај месноста Елешец.

Во овој момент нема потврдени информации за причините поради кои возилото завршило во водите на Охридското Езеро, веднаш после „тумбата“ во Елешец. Во незгодата е причинета поголема материјална штета, а нема информации за повредени лица.

СВР Охрид најавија повеќе информации за во текот на денешниот ден.

извор: ОхридПрес

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1