Кога полицаец смее да пука? мора да се чуе „стој, полиција!“ и потоа „стој, ќе пукам!“


Постојат пет деликатни случаи за употреба на оружје, а пред испукување мора да се чуе „стој, полиција!“ и потоа „стој, ќе пукам!“

Кога полицаецот е на должност има правила според кои треба да се однесува. Оружјата што ги носи со себе за да бидат употребени мора да постои процена дали ситуацијата наложува такво нешто. Секој одговора за себе, а Министерството за внатрешни работи ја зајакнува постојано внатрешната контрола така што секоја евидентирана грешка од некоректна употреба на оружје гледа да ја санкционира. Меѓутоа, според кажувања на граѓаните, тие сепак стравуваат од односот на полицајците кога ќе дојдат во близок контакт со нив.

pištoljНеделава Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против радовишки полицаец, кој се товари за предизвикување општа опасност откако несоодветно употребил огнено оружје. Инаку, тој бил ангажиран за да се погрижи за безбедноста во сообраќајот и кога знаковно известил мотоциклист да застане, тој не го послушал, поради што полицаецот испукал од пиштолот два куршуми и го погодил возачот во коленото. По истрагите утврдено е дека условите за употреба на огненото оружје не се исполнети.

Пиштолот е последно сценарио за присилба

Полицискиот службеник е овластен да употреби огнено оружје кога е тоа апсолутно неопходно и кога со употреба на другите средства за присилба полициските работи не можат да бидат извршени, се вели во членот 89 од Законот за полиција, кој ги објаснува условите за употреба на пиштол кон лица.

policajci skuteri
Според законските одредби, пет ситуации се соодветни за употреба на оружје, и тоа кога со другите средства не може да заштити човечки живот, не може да спречи кривични дело за кое следува четиригодишна затворска казна, не може да спречи бегство на лице што извршува кривично дело казниво со над десет години затвор, да спречи лице за кое е распишана потерница за тешко кривично дело и да спречи напад врз објект или личност што се обезбедува.

– Пред употребата на огненото оружје полицискиот службеник ќе упати усна наредба и предупредување „стој, полиција!”, а потоа и втора наредба и предупредување „стој, ќе пукам!“ – стои во законскиот член.
Дополнително, истакнато е дека пукање во воздух заради сигнализација, барање помош и застрашување, како и пукање во животни кога тие го загрозуваат животот на луѓето, не се смета како употреба на огнено оружје во смисла на тој закон.

Спреј-солзавец наместо пендрек

Во македонските закони е пропишано дека полицаецот смее да ја употреби полициската палка во случаите кога со физичка сила не може да си ги изврши полициските задачи. Тоа значи дека пендрекот стапува на сцена ако полицаецот со своите боречки зафати и вештини не можел да ги совлада лицата што давале отпор или се обидувале да избегаат.g_policajci-nova

Ваквите законски одредби ги имаше и во Црна Гора, но од пред неколку дена тамошниот закон претрпе измени, според кои, употребата на полициската палка во иднина треба да се сведе на минимум. Наместо пендрек, како средство за принуда во новиот нацрт-закон се предвидува рачен спреј со својство на солзавец, а палката ќе се користи исклучиво кога спрејот ќе се покаже како неефикасно средство. Освен овие новости, Црногорците донеле и одлука за директно прекинување на работниот однос на секој полициски службеник што е осуден за корупција.

novamakedonija.com.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1