„Кога престана да те третира како принцеза?
Никогаш не е предоцна да ставиш крај на тоа“ – се вели на постерите на артистот Сент Хоакс.
На вознемирувачките фотографии од серијата „Happy Never After“, принцезите на Дизни се претставени со модринки и раскрвавени рани на лицето.
Идејата на кампањата е да се подигне свеста за семејното насилство и да се охрабрат жртвите да ги пријават насилниците.
„Со портретирањето на Дизни принцезите како жртви на семејно насилство, ја предлагам идејата дека ниту една девојка/жена не е заштитена од емоционално/физичко/сексуално насилство“ – изјавил Хоакс за Хафингтон Пост, истакнувајќи дека семејното насилство може да му се случи секому.