Кога тато е претседател – синов за 1 год си го дуплирал имотот


Постариот син на украинскиот претседател Виктор Јанукович го удвоил своето богатство на речиси 200 милиони долари за една година, според листата на најбогати луѓе во земјата која ја изработи украинското списание „Фокус“.

covek pariОлександар Јанукович, 39-годишен основач на фирмата Мако (банкарски сектор), успеал да го удвои своето богатство на 196 милиони долари, прецизира „Фокус“.

Стоматолог по струка, кој долго време и беше непознат на јавноста, Олександар Јанукович влезе во клубот на најбогатите во поранешната советска република по доаѓањето на својот татко на чело на државата во 2010 година.

Неколку независни медиуми го проценија неговото богатство на стотина милиони долари во 2011 и 2012 година.

Според „Фокус“, сопственикот на компанијата СЦМ Ринат Ахметов (енергетика, телеком, недвижности) е најбогатиот човек во земјата со 17 милијарди долари. По него следуваат Игор Коломојски и Генадиј Богољубов, коосновачи на групата „Приват“ (металургија, банкарство), во која секој има по 3,65 милијарди долари, наведува изворот.

Олександар Јанукович е на 76-то место и никогаш не се обраќал до медиумите, а се смета дека е централна личност на моќниот политичко-финансиски клан формиран околу шефот на државата, додава списанието.

MK News

Автор инфо

Comments are closed.

UA-33057274-1