Лидерите на вооружената група косовски Албанци, кои се судрија со полицијата во Куманово, планирале и напади на затвор во близина на Подуево, во Косово, со цел да ослободат опасни криминалци, јави српската телевизија РТС, повикувајќи се на приштинскиот весник „Коха диторе“.
Според документи и информации на косовското разузнавање и полицијата, Бег Ризај и Мирсад Ндрецај, заедно со група од 44 лица планирале да извршат напад врз строго обезбедуваниот затвор во близина на Подуево, со цел да ослободат двајца затвореници, обвинети за тешки злосторства, вклучително убиства.
Групата била следена од полицијата од 2013 година, а повеќе детали за планот се откриени по нивната последна средба со лица, осомничени за исламски екстремизам во Косово.