Кои беа терористите кои ја нападнаа Македонија – ХРОНОЛОГИЈА на Диво Насеље


Помина една година од кобниот 9-ти мај и антитерористичката акција на македонската полиција во која осуммина македонски херои го положија својот живот во одбрана на својата татковина. Акцијата започна рано утрината во 04:30 часот во саботата на 9-ти мај и траеше речиси непрекинато 28 часа, сè до 10-ти часот во неделата на 10 мај.

Хронологија на кумановските настани

Кумановските настани започнаа со инцидентот во караулата Гошинце кон крајот на април минатата година. Тогашниот портпарол на МВР, Иво Котевски во изјава за јавноста истакна дека во два ипол часот по полноќ во селото Гошинце, општина Липково бил извршен државен терористички напад.kumanovo pukanje

Четириесет маскирани и вооружени лица со ознаки на УЧК ја нападнале караулата во која имало четворица дежурни полицајци и ги разоружале. На тројца од нив им ги врзале рацете со лисици, почнале да ги удираат, а сетоа тоа го снимале на камера.

Вооружените напаѓачи зборувале на албански јазик, а еден од нив на лош македонски јазик им се обратил со зборовите: „Ние сме од УЧК, пренесете им на сите дека не може да ве спаси ниту Никола Груевски, ниту Али Ахмети, никој не смее да се качи горе, зошто сите ќе бидат ликвидирани“. Откако си заминале напаѓачите, еден од полицајците на кој не му биле врзани рацете, ги одврзал тројцата колеги и тргнале пеш кон селото.kumanovo dupka

Петнаесеттина дена подоцна следеше 9-ти мај. Полициската акција за разбивање на терористите се одвиваше во кумановската населба „Диво насеље“, дел од градската месна заедница „Тоде Мендол“, во близина на автопатот Е75. Акцијата започна рано утрината во 04:30 часот во саботата на 9 мај и траеше речиси непрекинато 28 часа, сè до 10:00 часот во неделата на 10 мај.

Од страна на македонските безбедносни сили загинаа осум припадници на специјалните единици на македонската полиција, а беа повредени дури 37 други полицајци во уличните борби низ тесниот и густо населен урбан дел на приградската населба во Куманово.

Убиени беа следниве припадници на специјалните единици на македонската полиција:

  • Жарко Кузмановски (р. 1981), од с. Брвеница, Тетово
  • Ненад Серафимовски (р. 1987), од с. Зубовце, Гостивар
  • Сашо Самојловски (р. 1982), од с. Брвеница, Тетово
  • Бобан Ивановиќ (р. 1968), од с. Стајковци, Скопје
  • Горан Илијевски (р. 1974), од Гостивар
  • Исамедин Османи (р. 1983), од с. Студеничани, Скопје
  • Љубиша Аранѓеловиќ (р. 1966), од Скопје
  • Горан Стојменовиќ (р. 1970), од Миладиновци, Скопје

Убиени 10 терористи

На страната на терористите, на лице место беа пронајдени 10 мртви тела во униформи. Според искажаното од надлежните во македонското Министерство за внатрешни работи можеше да се заклучи дека станувало збор за една од најопасните терористички групи, а самиот портпарол на македонското МВР истакна дека групата била закана за целиот регион и која била вклучена во бројни напади, а нејзините членови биле барани со меѓународни потерници.teroristi-kumanovo

Според официјалните информации, по извршената обдукција и проверките преку Бирото на Интерпол – Скопје утврдено е дека во престрелката се убиени девет косовски и еден македонски државјанин.

Убиените Kосовци се Мирсад Ндрецај (36), алијас Kомандант НАТО, Бег Ризај (38) познат како Kомандант Бегу, Џафер Зумерај (33), Ваљон Kабаши (30), Тургај Гаши (37), Kастриот Самит (40), Хисен Рушити (50) Фатлун Вишесела (32) и Арбен Реџај (44), како и Нусрет Kаљоши, македонски државјанин.teroristi predavanje1-500

Ндрецај и Бегу, со Мухамед Kрасниќи, алијас Kомандант Малишева, Сами Укшини, алијас Kомандант Соколим и Дем Шаху, алијас Kомандант Јунику, биле лидери на терористичката група.

Кои беа уапсените терористи?

Дел од 30-мината приведени, при разговорите во полициска станица изјавиле дека оружјето го внесувале преку илегални премини со возила, ранци и торби. Терористите поделени во групи, според дел од приведените, имале задачи да вршат напади на разни објекти, цивилни и државни цели, полициски станици. Според исказите на еден од приведените една од целите била и Камениот мост во Скопје, а нападите требале да започнат од средината на овој месец.krvav_maj_teroristi_haradinaj

Дел од приведените терористи се лица припадници и поранешни команданти на ОВК, лица кои учествувале во активности против територијалниот интегритет на Република Македонија, биле вклучени во паравоени структури кои се залагаат за Голема Албанија, а биле дел и од нападот на караулата во Гошинце. На полицијата и се предадоа тројца од лидери на оваа група.

Мухамед Красниќи – командант Малишева роден 4.10.1971 во Косово

Дел од ОВК, командант на 113 бригада, вклучен во обиди за создавање паравоени структури за Илирида. Инволвиран во недозволена трговија со дрога и оружје, организирање криминал и еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.

Сами Укшини – командант Соколи роден 10.10.1967 во Косово

Поранешен командант на УЧК и заменик командант на 113 бригада, член на илегални организации во бараат создавање на Голема Албанија, член на паравоени и терористички групи кои имаат иста цел. Близок соработник на Мирсад Ндрецај алијас командант НАТО. Еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.

Деме Шеху – Јунику роден 18.4.1980 во Косово

Припадник на ОВК, член на единицата „Скендер бег“. Близок соработник и логистичар на терористичката група елиминирана во Бродец во 2007 при акцијата „Планинска бура“. Познат по насилства, изнуди, соработник на командант НАТО и еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.

Сефа Генци – роден 18.4.1973 албански државјанин кој живее во Урошевац, Косово

Се води како лице со завршена воена академија во Тирана, со чин капетан. Експерт за минско експлозивни средства, инструктор на воената академија на косовските безбедносни сили. Активен член на паравоени формации од 2002 година и вклучен во албанските национални движења за Илирида. Уапсен во униформа.

Ардијан Бујари – роден 16.12.1975 во Косово

Поранешен припадник на ОВК во единицата на командат Соколи. Дел од терористичката група од Кондово во 2004 и Бродец во 2007. Имал блиска врска со Лирим Јакупи алијас Нацист со кого воделе групи на дрога и оружје. Еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.

Ваљдет Закај – роден 9.7.1978

Има висока улога во Бали Комбетар, како и обиди за формирање паравоени вооружени групи.

Насуф Бекири -роден 20.2.1988 Брест

Пријавуван за разбојништва, логистичар на Лирим Јакупи – Нацист. Познат по учество вотрансфер на лица и стоки. Има индиции дека учествувал во нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.

Лирим Демири – роден 15.4.1992 од Лукаре, липковско

Пријавуван за насилен криминал, разбојништва, тепшки кражби со провалување. Еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа

Приведени се и Сефер Сефери (1959) и неговиот брат Фитор Сефери (1970)од Куманово кои се познати по учеството во паравоени структури и ОВК од Косово.

Неџбедин Лика – роден 11.8.1978 од Тетово

Припадник на ОНА , се барал и за убиство од 2004

Руфкит Угани  – роден 24.12.1987 од Качаник Скопје приведен во униформа

Меѓу приведените е и еден од сопствениците на куќите во кои биле сместени терористите, кој според непотврдени информации, пукал кон безбедносни сили на Македонија.

komandanti uck uapseni teroristi
Во октомври беа приведени соработници и јатаци на терористите

Седуммина јатаци и логистичари на терористичката група елиминирана во кумановското Диво Насеље се уапсени во акцијата “Молња“ на 15-ти октомври минатата година. Според МВР, во истрагата се собрани доволно докази кои покажуваат дека тие активно биле инволвирани во инцидентите, односно во нападот на караулата кај Гошинце и во Диво Насеље.

Уапсени беа седум лица на возраст од 20 до 74 години, од кои три се од кумановското село Отља, две од скопско Брест и по едно од Арачиново и Матејче.Според неофицијални информации меѓу уапсените се и извесен Ибрахим Муртезани, алијас Командант Харачина, и Рагми Љатифи од селото Отља за кој информациите говорат дека бил заменик на командант Малишева, кој се сметаше за предводник на терористичката група во Куманово.

Акцијата почнала во раните утрински часови со координирани упади и претреси во домовите на осомничените во селата Брест, Отља и Матејче.Во домовите на осомничените се најдени карти на голема Албанија, униформи на УЧК, 13 телефонски апарати, автоматска пушка, седум рамки за автоматска пушка, 127 куршуми со калибар од 7,62 милиметри, две ловни пушки, гасен пиштол, машина за полнење патрони, сачми, околу 60 патрони, два детектори за метал, мапи и ВХС-касети, лисици за врзување, 1400 евра, 45 куршуми со калибар од 7,9 милиметри, фотографии со припадници на УЧК, оптички нишан и други предмети и траги кои МВР ќе ги предаде на надлежниот јавен обвинител.

Од полицијата додоиа дека уапсените главно имале улога на логистичари, односно при нападот на караулата кај Гошинце и во Диво Насеље и помагале на групата во извршувањето и прикривањето. Еден од уапсените се обидел да собере група со која би го нападнал Скопје во моментот кога специјалците на МВР го чистеа Диво Насеље од последните терористи. Оттаму додаваат дека поголемиот дел од осомничените веќе се познати на полицијата и против нив во повеќе наврати се поднесувани разни кривични пријави за кои им се изрекувани и затворски казни од надлежните судови.

Изготвен обвинителен акт, судењето започна

Јавното обвинителство на Република Македонија покрена постапка за приведените во акцијата во Куманото веднаш по самото нивно приведување, откако МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против определен број лица за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“.

Рочиштата за случувањата од 9 и 10 мај минатата година во кумановската Дива Населба се одвиваат под силно полициско обезбедување, при што 29 обвинети се спроведуваат од повеќе затвори во земјава, каде што ја издржуваат мерката притвор, до Судот во Скопје. Досега се одржани три затворени рочишта поради сослушување на заштитените сведоци. Предложените заштитени сведоци од обвинителството, околу 40, се полициски службеници кои учествувале во акцијата за разбивање на вооружената група.

На рочиштата што беа отворени за јавноста беа изнесени воведните зборови на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и на 29 обвинети и нивните адвокати, а беа сослушани и десетина сведоци предложени од Обвинителството.

Покрај сведочењата на локалното население од Кумановско и сведочењата на роднините на некои од обвинетите, пред судот сведочеа и четворицата полицајци кои беа нападнати во караулата во Гошинце во април минатата година, настан кој, според обвинението, му претходел на целото организирање на нападот на полициските единици во кумановската Дива Населба.

Обвинетите се товарат за сторени кривични дела „терористичко организирање“ од членот 394 – а и „тероризам“ од член 394 -б од Кривичниот законик.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1