Кои биле последните зборови на Даме Груев?!


Раскажани од Лика Чопова, внука на Гоце Делчев, ќерка на сестра му Ружа Делчева-Чопова, првата жена член на Македонско-одринската организација, ВЕЧЕР објавува кои биле последните зборови на војводата Даме Груев . 

dame gruevТоа беше околу средината на декември 1906 г. Даме со С. Китанов, Ѓ. Карчов, Ѓ. Поп Стојански и брат ми Владимир Чопов тргнале во правец за Малешевијата. Уште при тргнувањето биле поткажани и потера им тргнала по стапките. На 22 декември 1906 г. четата преноќувала во Русиново. Рано изутрината селото било опколено од многуброен аскер. За да не настрада селото борците побрзале да се извлечат и при нивното извлекување почнала престрелката.

Прв паднал убиен храбриот херој, кукушанецот Ѓ. Карчов. Другите со борба гради в гради се пробиле и се упатиле кон врвот Петлец. Но не изминале ни 50 чекори, се слушнал гласот на војводата Сандо Китанов: ,,Браќа, умирам, да живее Македонија”. На стотина метри од врвот Петлец непријателски куршуми му ги пронижале градите и ногата на војводата Даме, кој паднал смртно ранет.

Со очи во кои гаснел сјајот жално ја погледнал торбата со архивата и со зарипнат глас рекол:

“Нема помош за мене, земете ја торбата и во опасност изгорете ја, да не настрадаат нашите луѓе””.

Повеќе на – Вечер

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1