Еве што ГМО им прави на децата во Аргентина (Фото)


Американската биотехнологија ја претворила Аргентина во трет светски произведувач на GMO соја, загадувајќи ги училиштата, куќите, водата за пиење, а се шири и на другите полиња, односно на плантажите со пченка и памук. Се повеќе научници јавно зборуваат дека овие отрови се причина за големиот број на Аргентинци регистрирани во болниците.

Аиша Кано е од селото Авиа Тераи. Таа  има влакнести бемки по целото тело, кои лекарите не можат да ги објаснат. Иако оваа болест не може да се дијагностицира, докторите се согласиле дека би можела да биде последица од агрохемикалиите кои наголемо се користат околу нејзиното место на живеење а и низ целата држава. Во провинцијата Чако, децата имаат 4 пати поголеми шанси да се родат со деформации.

gmo deca

Поранешниот работник на плантажите со ГМО соја, 47-годишниот Фабиен Томази, го покажува своето слабо тело, додека стои во својата куќа во Басавилбасу. Работата на Томажи била да ги полни опрашувачите, кои никогаш не смееле да бидат празни. Тој тврди дека никогаш не бил обучен да работи со пестициди. “Подготвував милиони литри отров без никаква заштита, без ракавици, без маска, не знаев ништо”, изјавил тој. Сега пати од полинеуропатија. 

gmo deca 2

Камила Верон има 2 години и била родена со повеќе пореметувања на внатрешните органи и сериозен инвалидидитет. Лекарите на родителите на Камила им кажале дека нејзината болест е последица од дејствувањето на агрохемиските производи. Лекарите нагласуваат дека нивните наводи се во рамките на многу сериозна владина истрага. “Тие ми кажаа дека причината за болестите е контаминираната вода, бидејќи целата околина е интензивно опрашена од отровни хемикалии”.

gmo deca 3

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1