Кои пратеници од ВМРО ДПМНЕ гласаа “ЗА”


Собранието со 80 гласа „за“ ја донесе одлуката за пристапување кон уставни измени.

80 пратеници, меѓу кои и пратениците на ВМРО ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Нола Исмајлоска Старова, Емилија Александрова, Зеќир Рамќиловиќ, Владанка Авировиќ…гласаа ЗА уставни промени.

Другите пратеници на ВМРО ДПМНЕ, станаа од своите места за да се видат пратениците од нивната пратеничка група кои ќе гласаат за отворање на процесот за пристапување кон измена на Уставот заради обврските од Договорот со Грција од Преспа.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Драган Данев, побара поединечно гласање, по што секретарот на собранието, Цветанка Илиева, ги читаше пратениците , а тие гласаа.

И поединечното гласање го потврди истиот резултат, па претседателот на Собрание, Талат Џафери, овјави дека е донесена одлуката за уставни измени.

„За“ гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во предмети на СЈО и тоа Сашо Василевски, Елизабета Канческа Милевска, Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски. Василевски, Арнаудов и Мукоски се обвнети за настаните од 27 април и тие оваа недела беа ослободени од куќен притвор, а Судот им определи мерки на претпазливост. Екс-министерката за култура, пак, е обвинета во предметот „Тендери“.

За гласаа и Владанка Авировиќ, Емилија Алекснадрова, Нола Исмајловска и Заќир Рамчиловиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1