Државниот завод за статистика го објави извештајот за просечната месечна исплатена нето-плата во земјава за февруари годинава.
Како што објави порталот Факултети.мк, во однос на истиот месец изминатата година, се забележува зголемување, а според извештајот, зголемувањето се должи најмногу на зголемувањето на просечната плата во секторите: градежништво, административни и помошни услужни дејности и земјоделство, шумарство и рибарство.
Намалување на просечната плата во однос на јануари 2016 има во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Највисоките просечни плати се забележуваат во деојностите: Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности (45.301 денари); воздухопловен транспорт (43.683 денари); Маркетинг (реклама и пропаганда) и истражување на пазарот (42.277 денари); Произодство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (42.021 денари) и Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови (40.906 денари).
Најниски просечни плати има во дејностите: Производство на кожа и слични производи од кожа (11.303 денари); Производство на облека (12.379 денари); Производство на мебел (13.329); Преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал (13.301 денари); Рибарство и аквакултура (13.387 денари) и Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата (13.553 денари).
Просечната месечна плата за февруари годинава во Македонија изнесува 21.813 денари.
1,2% од вработените тој месец не примиле плата.