Кралицата Елизабета и Џони Деп, Селин Дион и Џастин Бибер, Барак Обама и Бред Пит, како и Кејт Мидлтон и Гај Ричи, се само дел од популарните светски личности кои имаат роднински врски
Интернет сајтот „Фајнд мај паст“ на својата страница ги објави роднинските врски меѓу познатите личности. Резултатите се повеќе од интересни, а за некои светски ѕвезди сигурно не би помислиле дека се роднини.
Кралицата Елизабета втора и Џони Деп, се далечни роднини и тоа по 20 колено. Двајцата се потомци на англискиот владетел Едвард трети кој починал во далечната 1377 година.
Мадона и Камила Паркер Боулс се роднини по 9-то колено. Кралицата на поп музиката и сопругата на принцот Чарлс, се потомци на Канаѓанката и Маделајна Ернард и нејзиниот сопруг, столарот Захариј Клоутер, кои живееле во 17 век.
Нема да верувате, но заеднички предци имаат и Барак Обама и Бред Пит. Во прашање е човек од Вирџинија, Едвин Хикман, кој е нивен „дедо“ и кој починал во далечната 1769 година. Двајцата се роднини по 10-то колено.
Анџелина Џоли е далечна роднина на Хилари Клинтон, а роднински врски имаат и Кејт Мидлтон и Гај Ричи и тоа по 6-то колено.
По 10-то колено, роднини се и Селин Дион и Џастин Бибер.









