Тајната за смртта на 9 студенти планината ја криеше половина век – дали е конечно решена


Деветмина руски студенти пред точно 55 години тргнале во нивната најголема животна авантура.

430807_skijasi-1_f

Групата водена од 23 – годишниот Игор Дјатлов низ сибирска зима тргнале кон врвот на „Планината на смртта“. Претходно тие имале десетина слични вакви патешествија.

Иако условите биле сурови, а патот долг, никој не очекувал дека овој пат седумте момчиња и двете девојки ќе бидат пронајдени мртви во снегот.

Еден планинар, Јури Јудин, се откажал од експедицијата на неколку дена пред несреќата бидејќи се разболел.

430811_skijasi-5_f

Дјатлов го предупредил дека ќе им треба повеќе време од вообичаено да стигнат до целта, па затоа никој не се загрижувал што не се вратиле на време.

Но, по два дена било очигледно дека нешто не е во ред.

Спасувачкиот тим го пронашол напуштениот и растргнат шатор во кој останале облеката и обувките без кои инаку студентите не би се осудиле да га напуштат преноќиштето бидејќи надвор температурата била 24 степени под нулата.

430808_skijasi-2_f

Потоа ги пронашле и телата на шестмина од студентите прекриени со снег, оддалечени на повеќе од еден километар од шаторот.

Им биле потребни уште два месеци за да ги пронајдат и другите тројца студенти, на дното од една длабока бездна.

Истрагата не открила многу детали. Никој не бил обвинет за несреќниот настан, а инспекторот Лев Иванов, заклучил дека причина за смртта е „непозната сила против која не можеле да се борат“.

430810_skijasi-4_f

Меѓутоа, се појавиле и други претпоставки и шпекулации дека локалната влада нешто крие и дека наводно студентите виделе нешто што не смееле да видат.

Истражувањето покажало дека нивните тела биле изложени на радијација, па некои заклучиле дека несреќата била поврзана со нуклеарна технологија.

Но, според петгодишното истражување на Американецот Дони Ејчар, советскиот истражител бил во право.

430812_skijasi-6_ffИмено, редок феномен, под името Карманов вртлог би можел да биде причината за нивната смрт.

Тој тврди дека „совршената бура“ која произведува застрашувачки звуци ги зафатила камперите во текот на ноќта, а тие во паника се спакувале, тргнале да бегаат, но не успеале во намерата.

„Тоа се случило за миг, не знаеле што им се случува. Повеќе мали торнада минале крај нивниот шатор, доволно близу за да не го однесе, а да чујат грозен звук.

Планинарите слушнале инфразвук кој предизвикува чувство на страв, паника и морници.

Тоа е најстрашното нешто што може да се доживее, особено ако сте среде планина“, изјавил Ејчар кој верува дека тоа е единственото логично објаснување за несреќата која ги снашла студентите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1