Коинциденција или? – Техниката се расипува токму по истекот на гаранцијата – еве зошто


 Голем број на фирми во своите производи намерно вградуваат делови со лош квалитет. Производителите со тоа штедат на производството, а побарувачката се создава автоматски.

Дали вашиот принтер или апарат за кафе повторно се расипале, набрзо по истекот на гаранцијата? Дали веќе сте се обиделе да ги промените батериите на вашиот smartphone? Kaj Apple уредите ваквата можност фабрички не е предвидена. Можеби ви се исплати повеќе да купите нов лаптоп, отколку да ја платите поправката или замената на дотраените делови?
Доколку имате вакво искуство, знаете што е „планирано распаѓање“ – производство на уреди со ограничен рок на траење.
Истовремено, потрошувачите, животната средина и голем број на жители во малите развиени земји ги трпат последиците од ваквиот начин на работење. Муштериите постојано купуваат нови апарати, природни ресурси се трошат без ограничување и во неразвиените земји се трупа електронскиот отпад.
Штефан Шрајд е одговорен за сајтот www.murks-nein-danke.de на кој гневните муштерии разменуваат искуства за производите кои се направени да се расипат. „Планираното распаѓање“, производителите сакаат да го скратат работниот век на своите уреди. Воглавно се работи за електрични апарати“, вели Шрајд за Дојче Веле. Струјата може да направи сешто“.


Најголем број на поплаки на овој сајт добиваат фирмите со производи за електронски направи, за забава, компјутери и телефони. Големите имиња ги трпат најголемите критики. „Epson“, „Brader“, „Filips“, и „Epl“. Корејанскиот „Samsung“ ги добива најголемите критики.
Точките на расипување најчесто се наоѓаат на клучните места. Тоа се делови кои најчесто се направени од пластика, а не од метал. Според статистиката, уредите се произведуваат да траат точно три години, онолку колку што отприлика трае гаранцијата на производителот, како и неговата одговороност. Покрај тоа уредот е веќе застарен и веќе новиот модел е излезен на пазарот. Со се пократкиот век на траење, електорнските производи претставуваат закана за клиентите.

За електронските компоненти се користат метали како злато, сребро, бакар и други супстанци кои се многу скапи. За време на производството се троши голмо количество на енергија и во животната средина се испуштаат големи количества на отрови. По истекот на гаранцијата, апаратите завршуваат во земјите од третиот свет. За да го извлечат металот, жителите од третиот свет го палат електронскиот отпад, при што се испушта значително големо количество на отров.


Еден од принципите на економијата вели дека високата побарувачка го зголемува производството, а високото производство доведува до економски пораст. Економскиот пораст води кон просперитет. Сепак „планираното распаѓање“ не помага во економскиот развој, поради тоа што цената на суровините и третманот на отпадот не се земени во предвид. Пазарната економија може да создаде глобални проблеми, но постојат и решенија за тоа – моќта на муштериите. Секој потрошувач може да купи производ за кој мисли дека најдобро ќе му одговара.
Критериумот на одржливост мора да игра голема улога во купувањето. Ова ги вклучува начинот на производство, потрошувачката и рециклирачките опции. Така муштеријата може да ја донесе вистинската одлука, дали да купи два производи кои ќе му вршат работа во наредните пет години, или пак еден апарат кој ќе го служи за истиот период.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1