Неплатена сметка може да ве банкротира – не забораваат ни по неколку години


Граѓани се жалат дека добиваат платни налози за адвокати, нотари и извршители без да знаат дека против нив се води постапка

Скопјанец неодамна бил непријатно изненаден кога во поштенското сандаче добил известување за платен налог поради сообраќаен прекршок што го направил пред три години. Тој вели дека воопшто и не знаел дека против него се води постапка. Сега, за казна од 1.300 денари, ќе треба да плати четири пати повисока сума.

tel smetkaИлјадници граѓани завршуваат на адвокат, нотар или извршител поради неплатена сметка за струја, вода, телефон… Најголемиот дел од нив се недоволно едуцирани за праксата, која постои веќе две и пол години, со која фирмите не мора да ги дадат должниците на суд. Други, пак, се обидуваат да ја одолжат постапката, со тоа што одбиваат да ја примат доставата за наплата.

Немав поим дека се води постапка. Неодамна, ми стигна плико. Внатре како доказ е ставена фотографија од моето погрешно паркирано возило во 2010 година, објаснување дека сопственикот е пронајден преку табличките на автомобилот, цена за адвокатски и нотарски услуги“, ја раскажува приказната скопјанецот.

Граѓаните мораат да знаат дека за неплатена сметка веќе не се оди директно на суд. Процедурата приближно оди вака: доверителите или сами или со посредништво на адвокат поднесуваат барање за платен налог.

Го доставуваат до нотарите со кои соработуваат и тие, врз основа на ненаплатените фактури, го издаваат платниот налог. Преку фирмите за доставување, налозите се испраќаат кај должниците. Граѓаните имаат рок од осум дена да поднесат жалба и спорот потоа, доколку не се најде решение, завршува на суд. Во спротивно, доколку сметката не биде регулирана, платниот налог се сели кај извршител. Се пресметува и камата од денот на поднесувањето на барањето.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1