Кој бил озогласениот убиец: Решена мистеријата за Џек Мевосек? (Видео)


Детективот во пензија, Тревор Мариот тврди дека е уверен дека еден од најозлогласените убијци во историјата всушност бил еден германски трговец и морепловец. После повеќегодишна истрага, еден англиски детектив во пензија е уверен дека го открил вистинскиот идентитет на Џек мевосек.

Mystery-suspectsТревор Мариот вели дека за поголемиот број од убиствата кои сееле страв во Лондон на крајот на 19-от век, е одговорен германскиот трговец и морепловец Карл Феигенбаум. До ова сознание, како што вели, дошол после 11 години анализирајќи стари документи.

Дури и ги тужел Скотланд Јард за на темел на законотдобие пристап до информации. Од полицијата добил многу документи кои биле чувани во архивите.

Истакнува дека холивудските филмови и разните легенди за Џек мевосек довеледо искривување на некои факти за целата ситуација. Она што наводно е непобитен факт, се пет убиства во периодот од 31 август до 9 ноември 1888 година.

Сите жртви биле жени, главно проститутки, убиени на сличен начин и во ист дел од Лондон, а се верува дека нож им забил ист маж.

Во близината на квартот Вајтчапел во кој Мевосек делувал, споменатиот Германец често со своите трговски бродови впловувал во пристаништето, што на детективот му било сомнително.

djek trbosek robot

Тој тврди дека документите кои ги добил од Скотланд Јард ја рушат теоријата според која злогласниот убиец на своите жртви по убиствата им ги вадел органите.

Земајќи го во предвид периодот меѓу секое убиство, но и фактот дека морепловците во тоа време во Лондон често ги користеле услугите на проститутките, Мариот дошол до заклучок дека Мевосек всушност е Карл Феигенбаум.

Освен тоа, адвокатот на Феигенбаум своевремено во медиумите изјавувал дека неговиот клиент ги признал убиствата во полиција. Наводно рекол дека во крвавиот поход тргнал поради непозната болест која го снашла и го „натерала“ на злосторство.

djek trbosekНо, за спорните убиства никогаш не му било судено, а во 1894 година на другата страна на Атлантикот, во Њујорk, погубен е поради едно потполно неповрзано убиство во Големото јаболко.

Мариот тврди и дека описот на убиецот според кој тој вил угледен и пристојно облечен џентлмен, веројатно е урбана легенда.

Сепак, Хафингтон Пост пишува дека се јавиле и критичарите на овој детектив во пензија, кои тврдат дека за неговите сознанија нема црвсти докази. „Мариот својот сопствен став го претвара во факт кој го аргументира со некоја ситница која не докажува ништо“, изјавил еден од неговите критичари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1