Кој доби Оскар – листа


oskar3Оскарот за најдобар филм го доби Арго на Бен Афлек, трет оскар за најдобра машка улога зема Даниел Деј Луис, а со оскар за најдобра женска улога беше наградена Џенифер Лоренс за филмот Прирачник на оптимистот

На 85-то доделување на филмските награди Оскар, кое се одржа изминатава ноќ во Лос Ангелес, за најдобар филм е прогласен Арго на режисерот Бен Афлек, а четири награди, вклучувајќи ја и онаа за најдобра режија, доби Животот на Пи на режисерот Анг Ли.

ДОБИ ОСКАР И СЕ УТЕПА ПО СКАЛИТЕ ОДЕЈЌИ ДА СИ ГО ЗЕМЕ (ВИДЕО/ФОТО)

Еве на листата на доделени оскари:

1. Најдобар филм: Арго
2. Најдобра режија: Животот на Пи, Анг Ли
3. Главна женска улога: Џенифер Лоренс, Прирачник на оптимистот
4. Главна машка улога: Даниел Деј Луис, Линколн
5. Споредна женска улога: Ен Хатавеј, Клетници
6. Споредна машка улога: Кристоф Валц, Џанго разузданиот
7. Оригинално сценарио: Џанго разузданиот, Квентин Тарантино
8. Адаптирано сценарио: Арго, Крис Терио
9. Странски филм: Љубов, Михаел Ханаке
10. Краток игран филм: Курфју, Шон Кристенсен
11. Краток анимиран филм: Пејпермен, Џон Карс
12. Долгометражен анимиран филм: Храбрата Мерида, Марк Ендрјус и Бренда Чепмен
13. Краток документарен филм: El Inosente, Шон Фајн, Андреа Никс
14. Долгометражен документарен филм: Во потрага по Шугармен, Малик Белаџелуи
15. Оригинална музика: Животот на Пи, Мајкл Дена
16. Оригинална песна: Скајфол, Пол Епворт, Адел
17. Камера: Животот на Пи, Клаудио Миранда
18. Монтажа: Арго, Вилијам Голденберг
19. Монтажа на звук: 00.30 – Тајна операција, Пол Ен Џеј Отосон / Скајфол, Пер Халдберг, Карен Бејкер Лендерс
20. Микс на звук: Клетници, Енди Нилсон, Марк Патерсон, Сајмон Хејс
21. Сценографија: Линколн, Рик Картер, Џим Ериксон
22. Костим: Ана Каренина, Жаклин Дуран
23. Шминка: Клетници, Лиза Весткот, Џули Дартнетл
24. Визуелни ефекти Животот на Пи, Бил Вестенхофер, Гијом Рошерон, Ерик Жан де Боер, Доналд Р. Елиот

Извор – Кирилица

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1