Кој е мажот што ги смести терористите во Париз?


Каналот BFMTV изнесе нови факти во врска со минатото на младиот човек, сопственик на станот во Сен Дени, во кој биле сместени лицата осомничени за нечовечкиот терористички подвиг во престолнината на Франција.

Мажот се вика Џавад Бендауд, роден е во 1986 година, и се покажа дека не само што и е познат на полицијата, туку и отслужил затворска казна за убиство.maz2

Бендауд е осуден на 8 години затвор во 2008 година од страна на судот во Франција поради убиство во небрежност на 16-годишно момче по име Давид. Жртвата бил најдобар пријател на убиецот.

На 26 декември 2006 година Давид се обидел да ги раздели Џавад Бендауд и трето лице кои се степале поради украден мобилен телефон. При судирот Џавад го избодел пријателот со нож во градите.

Малолетниот Давид умрел на лице место, а Џавад Бендауд бил упасен од страна на полицијата истиот ден.

Две години подоцна, на 6 ноември 2008 година Бендауд бил прогласен за виновен за убиство без предумисла и осуден на 8 години затвор.droga-teroristi-pariz500

Тој бил сместен во затвор во Вал де Реој од каде што бил пуштен пред помалку од една година за добро однесување.

Џавад Бендауд е сопственик на станот во Сен Дени, во кое беа згрижени неколку лица вмешани во терористички организации.

Полицијата спроведе 8-часовна блокада на целиот станбен кварт по сигнал дека на истото место најверојатно се крие Абделхамид Абауд – сметан за шеф на бомбашите во Париз на 13 ноември.

Самиот Бендауд беше уапсен од полицијата рано утринава, набргу откако разговараше со медиумите.

Тој изјави пред новинарите дека им дал засолниште во станот на двајца непознати лица по барање на свој пријател. Двајцата мажи биле од Белгија.

“Еден пријател ме замоли да сместам двајца негови познаници на неколку дена. Му реков дека немам душеци, сепак тој одговори дека тоа не е проблем. Тие сакале само да имаат вода и место за молитва”, раскажа младиот маж.

“Ме побараа да им направам услуга, направив услуга. Воопшто не бев во тек дека биле терористи”, објасни тој.

Една жена-самоубиец се разнесе во неговиот стан за време на блокадата, а уште еден маж беше пронајден убиен. Уште двајца осомничени за тероризам беа уапсени по операцијата. Бендауд исто така е уапсен и во моментов се наоѓа на испрашување околу случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1