Коj е најдобар ресторан во Скопје – и официјално прогласени најдобрите


Рестораните „Гурмет“, „Национал“ и „Аванти“, како и гостилниците „Капка“, „Галерија“ и „Кај чичо 2“ се најдобрите угостителски објекти во Скопје за 2012 година.Ова го покажа истражувањето на SWOT агенцијата за тајно купување (мистери шопинг)спроведено врз вкупно 100 објекти, од 15 октомври до 15 ноември 2012, чија цел е подигање на свеста за обезбедување квалитетна услуга на клиентите.

,,Според статистиката, бројот на туристите што го посетуваат Скопје драстично се зголемува. Притоа, освен што треба да ги видат знаменитостите, особено е битно и добро да ги пречекаме, преку љубезноста и гостоприливоста да им понудиме традиционална македонска храна со која можеме да се пофалиме и нескромно да кажеме дека имаме една од најдобрите кујни во светот, рече градоначалникот Коце Трајановски пред врачувањето на признанијата.

Тајните купувачи ги посетуваа угостителските објекти по три пати, а ги оценуваа според шест клучни критериуми, прв контакт (поздравување и упатување кон местото за седење), изглед на просторијата (хигиената на просторот, масата и приборот за јадење), услуга на келнерите (љубезноста, брзината), квалитет на храната (количина и соодветност на порција) и завршен контакт (поздравување при заминување). Генерален е заклучокот дека и рестораните и гостилниците во Скопје го подигнале квалитетот на услугата од аспект на сите анализирани елементи. Вкупно 22 од испитаните 50 гостилници и 19 од 50-те ресторани оствариле над 90 отсто резултат.

Ова е петта година по ред како Градот Скопје и SWOT агенцијата го спроведуваат ваквото истражување

Миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1