Евклидис Цакалотос кој беше шеф на грчкиот тим за преговори со кредиторите денеска беше назначен за нов министер за финансии на местото на Јанис Варуфакис кој поднесе оставка, јави грчката телевизија „Скај“.
Назначувањето на Цакалотос беше објавено по крајот на средбата на лидерите на политичките партии во парламентот која траеше седум часа.
Цакалотос претходно бил заменик министер за надворешни работи одговорен за меѓународните економски односи.
Ова не е првпат Цакалотос да го менува Варуфакис. Тој беше поставен за главен преговарач со меѓународните кредитори на крајот на април кога владата на Сириза го замени Варуфакис. На маргините на преговорите поранешниот грчки министер за финансии најчесто бил оценуван како „невозможен“ за преговарање.