Кој е одговорен за скандалозната поезија? Ни уредникот читал, ни комисијата одобрила, ниту авторот ја напишал!


Премиерот Заев не гледа вина во директорот на Агенцијата за млади по скандалот со песните во кои изобилува сексизам и национализам.. Вели, Дарко Каевски е квалитетен кадар и не треба да биде разрешен.

Каевски денеска уверува дека е веќе утврдена одговорност кај неколкумина, но не открива за што ќе сносат вина.. Утре ќе објавел како песните со говор на омраза се нашле во стихозбирката отпечатена со државни пари.

По вчерашните одделни реакции на членовите на комисијата која го правела изборот на песни за наградување, денеска тие преку заедничко соопштение се оградија од нападите на директорот Каевски.

„Комисијата немаше обврска да прави селекција на пристигнатите песни за книгата, а со оглед на тоа што од песните што ни беа дадени на разгледување, некаде околу 80, се објавени само 44 песни, значи дека сепак некој направил селекција. Притоа, никој од нас не беше консултиран кои песни да влезат во изборот за книгата, а кои не“, пишува во соопштението на тричлената жири комисија.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска побара одговорност од првиот човек на Агенцијата..

„Дарко Каевски треба да одговара и да си даде оставка од функцијата директор на Агенцијата за млади и спорт, поднесувајќи одговорност за скандалот на очиглед на целата македонска јавност. Одговорност мора да има за скандалозните стихотворби кои излегоа во јавност и изобилуваат со шовинизам, говор на омраза и тоа треба да го направи веднаш“, вели Стефан Андоновски, ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнителен скандал во јавноста предизвика авторството на спорните песни.. Потпишаниот Даниел Пиљаковски уште вчера тврдеше дека неговиот ментор по математика Александар Блажевски е авторот на песните кој во негово име се пријавил на конкурсот.

41 годишниот професор потврди дека ги напишал песните и дека само сакал тие да излезат во јавност. Тврди дека самиот е жртва на дискриминација.

..За професорот по право Тони Дескоски, ова е кривично дело.. Тој на социјалните мрежи напиша:

„Тоа е исто како да менторираш некого за докторат, под мое име, затоа што Јас сум акредитиран а ти не си. Се надевам дека Јавното обвинителство следи вести“, напиша Дескоски.

Книгата „Збирка поезија“ ја разбранува јавноста поради песните Партиски вработена и Моите соседи.

-Велат дека го примила корнишонот на премиерот; Џафер е шумар. Шп‘тим е шапкар – Опкружен со толку скиптари се чувствувам како цар се дел од стиховите во двете песни.

Sitel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1