Кој е погребан тука – Мистеријата за гробницата (од времето) на Александар Велики!


Мистеријата за „стопанот“ на античката гробница во Амфиполис продолжува да ја разгорува фантазијата и да го интригира светскиот интерес, бидејќи медиумите не запираат со објавите за големото откритие.

Грчкиот весник „Етнос“, повикувајќи се на магазинот „Форбс“, денеска објавува текст под наслов: „Кој се наоѓа во гробницата (од времето) на Александар Велики“.

grobnica-650x396

Во текстот се вели дека во античката гробница, која многумина ја поврзуваат со Александар Велики, почнуваат да се откриваат тајните на изминативе половина век, откако таму се започнати откопувања.

На влезот од гробницата беа откриени монети со ликот на Александар Велики, триметарски женски статуи – Кариатиди, сфинги, како и други артефакти, но и најважното – скелетот на „стопанот“, кој чека да биде идентификуван.

Хипотезите кои доаѓаат како од ведро небо во Грција, пред се’ поради мислењето дека „телото на Александар Велики не е таму, бидејќи тој наверојатно бил погребан во Александрија“, се дека во Амфиполис е погребана или неговата сопруга Роксана, или неговата мајка Олимпија.

За локалното население, пак, реонот отсекогаш бил познат како гробницата на царицата.

Но, можно е таму да бил погребан и некој познат генерал.

grobnica

– Како и да е, трпението и истражувањата ќе го дадат конечниот одговор, вели раководителот на археолошкиот тим, Катерина Перистери, пишува „Форбс“.

Угледниот магазин, понатака во текстот, го опишува величењето на гробницата, но ги потенцира и обидите на британските војници да го украдат гигантскиот лав, кој некогаш ја украсувал врвот на античката гробница, како и тоните мермерни парчиња и украси. Но, според „Форбс“, тие неможе да ги украдат бидејќи биле нападнати од бугарски и од австриски војници, па така оставиле голем дел од она што сакале да го однесат.

– Арехолозите за прв пат ја откриле античката гробница во 60-те години од минатиот век, но ископувањата почнале дури пред две години, поточно во 2012 година. Првично никој не верувал дека таму има нешто, изјавила Перистери за „Форбс“.

Нетпрес.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1