Кој ги корeгирал фотографиите на патниците од исчезнатиот авион?


Стравувањата за прикривање на судбината на летот MХ370 се зголемија по тврдењата дека фотографија на двајца патници била коригирана. Фотографиите на двајца мажи кои се качиле во авионот на „Малезијан ерлајнс“ со украдени пасоши покажуваат дека тие имаат исти нозе.

Фотографијата од камерите за видеонадзор, објавена од официјални претставници, три дена откако „боингот 777-200“ исчезна од небото, ги покажува двајцата со идентични зелени панталони и кафеави чевли. Нивните стапала и сенките, исто така, се во иста позиција, додека нивните лица, маици и торби се различни.

foto patnici malezia

Фотографијата, објавена минатата ноќ, ги поткрепи теориите на заговор за судбината на авионот, кој исчезна со 239 патници и членови на екипажот пред повеќе од две недели.

Еден корисник на „Твитер“ напиша: „Тие двајцата имаат исти нозе, дали е тоа монтирано или случајност? И вие верувате дека нашата влада не крие ништо“.

Малезиската полиција призна дека фотографијата на еден човек била ставена врз друга кога се фотокопирале. Но, портпаролот рече дека тоа не било „направено од злоба или за доведување во заблуда“.

Мажите – за кои се смета дека се ирански азиланти – се именувани како Пурија Нур Мохамед Мердад (19) и Делавар Сејед Мохамадреза (29). Тие патувале во Малезија со ирански пасоши, а потоа користеле украдени австриски и италијански документи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1