Кој ги прави тепачките и смислено прави омраза меѓу децата? Учениците се сложни и заедно (Фото)


До нашата редакција пристигна прекрасна фотографија и порака – која е повод за овој текст ( фотографијата на крајот од текстот)

Кој ги прави тепачките низ автобусите? Кој има интерес да направи раздор меѓу децата и да покрене бран на омраза и нетрпеливост? Дали треба да веруваме дека се тоа учениците кои се тепаат меѓу себе, дека се албански ученици кои ете така им текнало да „измлатат“ соученици македонци? или македонски ученици кои исто така „од чиста мира“ одлучиле да се светат на учениците албанци?

tepackamatnoТепачки меѓу средношколци имало, инциденти исто така, да – но не во вакви рзмери. се карале групи од различни класови, од различни училишта но секогаш СЕКОГАШ имало некоја „рчка“ меѓу нив, се познавале, имало ривалство меѓу нив – Но зар треба да веруваме дека некој си малолетни деца сами решиле без никој да ги „подбуцне“ да стават маски да влегуваат во автобуси и да тепаат деца кои не ги ни познаваат- со шипки и безбол палки ??????

Некој ги разгорува овие страсти, некому му одговара ваква ситуација, а дебелиот крај го кркаат учениците, загрижените родители, народот – оние кои се впрочем и најмалку виновни за сето ова.

Лесно е да покренеш бран на насилство и омраза. Една смислена тепачка, па освета за неа од спротивната страна, па потоа „вратка“ од другата страна се додека не се случи најлошото и не загубиме нечиј млад живот 🙁

До нашата редакција пристигна една прекрасна фотографија со прекрасна порака – Учениците се сложни и заедно !!!! еве ја пораката

Бидејќи во последнава недела има многу непријатни настани по автобусите (тепачки и сл.) помеѓу Албанците и Македонците понекогаш и Ромите. Па така ние учениците од СУГС “Арсени Јовков” Скопје сакаме да им докажеме на сите дека можеме да бидеме сложни без разлика кој сме и што сме, живееме во иста држава и треба да се бориме заедно за подобро, а не да се тепаме и убиваме меѓу себе!!

Би сакале да ја објавите оваа фотографија како апел

ucenici

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1