Кој ги собра наградите на „Златна Бубамара“?


По 18-ти пат се доделија награди за најпопуларните музичари, уметници и јавни личности.

Влатко Стефановски доби награда за најдобар албум на годината за „Сеир“, „Љубојна“ е етно група на годината, а за статуетката за најдобар спот отиде во рацете на групата „Слаткаристика“, за песната „Дим и џам“.

Хит на годината, според жирито е „Тажна љубов, среќна песна“ на Тамара Тодевска, а  Даниел Кајмакоски е избран за пејач на годината.

Наградата за спортист на годината отиде во рацете на ракометарот Стојанче Стоилов.

Награди за животно дело добија Дино Мерлин и музичарот и писателот Неле Карајлиќ од „Топ листа надреалиста“. Наградата „ин мемориам“ ја добија поранешните членови на шоуто К-15.

Наградата за откритие на годината му беше дадена на Трајче Георгиев, актер на годината е Александар Микиќ, а актерка Дарија Ризова. За најгледана претстава беше прогласена „Стјуардеси“ на Јелена Жугиќ.

Новинарот Ерол Ризаов доби награда за најчитана страница, сатиричната „Коза ностра“ за најпопуларна веб- страна, а за најдобра емисија за хумор и сатира е прогласена „Зевзекманија“.

Главен на сцената, се разбира и оваа година беше водителот Сашко Коцев.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1