Кој ја уби легендата?
Официјално никој. Далечниот 10 мај 1973 година, Ли го имал првиот напад на силна главоболка, а докторите му констатирале отоци на мозокот. Се чинело дека целосно ќе оздрави затоа што почнал да пие специјални лекови.
Меѓутоа, со 23 години живот зад себе, на 20 јули Брус, во станот на глумицата Бети Тинг пеј, доживеа нов напад.
Според аутопцијата, причина за смртта е „грешка„ мислејќи на алергиска реакција на лек против болки, кој му го дала Бети, но неговиот личен доктор изјави дека тој порано немал проблеми со тој лек. Аутопсијата, исто така не покажала присуство на никакви физички повреди или дроги во организмот, освен марихуана.
Покрај тоа, не бил префрлен во болница. Првобитно било кажано дека починал во својот стан, а претходно јавно го нападна режисерот Ло Вели, ноќта пред смртта.
Тоа ја разбуди фантазијата на јавноста и започнаа да се шират бројни теории на заговор. Како, еден толку млад човек, во своја најдобра форма, одеднаш да умре од болест?
За ситуацијата да биде уште полоша, несреќната смрт на неговиот син Брендон, 20 години подоцна во текот на снимање на еден филм, кога е убиен од пиштол кој требал да биде лажен, повторно ги разбуди духовите и теоретичарите.
Најбизарна теорија е онаа, која тврди дека Брус умрел неколку месеци пред официјално да биде објавено.
Нејзастапена хипотеза е дека го убила кинеска тријада, но оние кои тврдат дека се тие, не можат да се договорат околу причината. Некои сметаат дека причина било неговото одбивање да им плаќа рекет, додека други сметаат дека одбивал да глуми во нивните филмови.
Трети пак, мислат дека тријади го убиле затоа што тајните кинески боречки вештини им ги открил на светот и на Западот, а постојано го прекорувале тоа да не го прави. Доаѓаме и до уште една теорија: Брус Ли не го убиле тријадите, туку монасите на Шаолин, поради објавување на нивните тајни во филмовите.
Со оглед на тоа дека бил кунг-фу мајстор, логично е да има толку теории. Постои и една која вели дека го убиле ривалските учители, кои не можеле да го победат при соочување.
Алекс Бен Блок, во својата книга наведува и можност дека за неговат смрт се одговорни ривалските филмаџии, чија заработка со огромната популарност им ја намалувал.
Во текот на 80-тите години стана популарна теоријата и дека го убиле јапонски нинџи. Со векови старата организација која некогаш работела за шогуните, чии припадници биле толку вешти во тајните атентати што долго се верувало дека се невидливи. Тие, наводно биле мотивирани да го убијат, поради кинеско-јапонското ривалство до кое дошло поради тоа што Ли во неговите филмови ги претставувал Јапонците како негативни и ги претепувал, а Кинезите, секогаш биле добри момци кои излегувале како победници.
Потоа се наведува дека бил убиен од италијанската мафија затоа што не сакал да ја продолжи кариерата во Холивуд како што тие сакале.
Постои и теорија која вели дека го убила проститутка во самоодбрана, затоа што станал насилен од афродизијакот кој го зел.
Дали некоја од овие теории е вистина или пак сетоа тоа се само обични шпекулации за да се привлече внимание, никогаш нема да се дознае.