Кој го уби Јуриј Гагарин: НЛО или некој друг?


На 12 април 1961 година, пилотот на Советското воено воздухопловство – Јуриј Гагарин, стана првиот човек кој полета во вселената. Неговиот лет во орбитата на Земјата траел 108 минути. Ова воедно била една од најголемите победи на Советскиот Сојуз за време на Студената војна.

Рускиот космонаут по 7 години  загинал во несреќа за време на еден тренинг лет – овој настан кој оттогаш е обвиткан во мистерија.Jurij Gagarin_1371199227_670x0

 

Една теорија вели дека Јуриј Гагарин бил убиен по наредба на советскиот претседател Леонид Брежњев поради некој прекршок или нелојалност кон партијата. Друга вели дека извршил самоубиство, има и таква која тврди дека НЛО удрилo во авионот.

Вистинската причина за смртта на Гагарин, дури по 40 години би можело да се каже дека се разоткрила, благодарение на неговиот колега, космонаутот Алексеј Леонов.

Леонов, првиот човек кој одел во вселената во 1965 година, бил во комисијата која го испитувала овој инцидент. Што е уште поважно, тој бил присутен на денот кога починал Гагарин.

 

Денес, кога конечно е тргната ознаката за тајност од официјалниот извештај, овој осумдесетгодишник конечно има шанса да го открие вистинскот тек на настаните во несреќата, нешто што сакал да го направи уште пред 20 години.gagarin2

Леонов изјавил дека во официјалниот извештај на Комисијата можат да веруваат цивилите, но не професионалците и дека, всушност, незгодата се случила поинаку.

Тој објаснил дека неодобрениот млазен авион пресретнувач СУ-15 тој ден летал опасно блиску до авионот на Гагарин. Раскажал дека го знае ова, бидејќи тој бил таму, го слушнал звукот на авионите и разговарал со сведоците.

– Авионот го намали растојанието до 10-15 метри во облаците, поминувајќе премногу блиску до оној на Гагарин кој се измести додека правеше маневар на свртување со брзина од околу 750 км на час, тврди Леонов.

 

Кога Леонов конечно му бил дозволен пристап до официјалниот извештај за несреќата, тој открил голем број на неточно наведнеи факти.

Имено на извештајот стоело и неговото име, а неговите коментар ги пишувал некој друг.Jurij-Gagarin-kao-pilot

Во извештајот, тој видел дека звучните интервали кои всушност траеле по 2 секунди, биле запишани по 15-20 секунди, што би значело дека двата авиони се наоѓале на растојание од најмалку 50 километри, што Леонов тврди дека не е точно.

Леонов знаел дека авионот на Гагарин паѓал 55 секунди со брзина од 750 км на час, а останатото го пресметал сам.

– Со помош на компјутер го проектиравме падот кој се совпаѓа со овие 55 секунди. Се испоставува дека тоа било длабоко спирално движење. Авионот може да западне во вакво движење само ако поголеми и потешки авиони поминат премногу блиску до него. Тоа е токму она што се случило со Јуриј Гагарин. Таков пат и развој на настаните е единствениот кој е во согласност со параметрите кои ги имавме, објаснува Леонов.

Сепак, останува прашањето – кој бил вториот пилот?

Човекот кој го управувал другиот авион и е одговорен за смртта на Јуриј Гагарин е се уште жив. Има 80 години и е во лоша здравствена состојба.

Но, како дел од договорот дека овие податоци ќе бидат објавени, Леонов положил свечена заклетва на тајност и ветил дека нема да го открие неговиот идентитет.

Kurir.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1