Кој го уби Кенеди? 51 година од атентатот


На денешен ден пред 51 година во Далас, САД е убиен Џон Фицџералд Кенеди кој беше триесет и петти претседател. Неговиот мандат траеше од 1961, до неговиот атентат во 1963 година.

По Втората светска војна служел во морнарицата на Пацификот, а по војната бил новинар. Во 1947 година бил избран во Конгресот, а во 1952 година станал сенатор. За претседател на САД бил избран во 1960 година, а инаугуриран на 20 јануари 1961 година. Бил најмлад претседател во историјата на САД (по Теодор Рузвелт, кој 1901 по убиството над Вилијам МекКинли како потпретседател автоматски стана претседател).

kenedi-atentat-rojters-glavna-1368515109-309975
И денес за убиството на Кенеди се шират разни теории кој го убил, иако ФБИ откри дека тоа е дело на Ли Харви Освалд.

Одамна изгубената верзија на снимката со убиството на американскиот претседател Џон Кенеди, заедно со 30 минутниот додатен материјал кои се чуваа во архивите на американската влада, е ставена на продажба.

Двочасовната снимка која била направена пред пократката верзија која до сега се сметала за единствена, се продава за 500,000 долари, а ја нуди куќата “Raab Collection” од Филаделфија која се занимава со трговија на историски документи, јавува АП.

Снимката му припаѓала на генералот Честер “Тед” Клифтон Јуниор кој му бил помошник на Кенеди и се наоѓал во поворката со мотори во Далас кога бил убиен Кенеди во 1963 година.

kenedi

Клифтон починал во 1991 година, а снимката била продадена на куќата “Raab Collection” по смртта на Клифтоновата сопруга во 2009 година.

Атентатот врз Џон Фицџералд Кенеди, според начинот на кој бил извршен, според грешките што се сторени од страна на тајните служби кои имаа задача да го штитат, според белите петна во текот на истрагата, која дозволи да го загуби главниот осомничен за атентатот, едноставно не требало да се случи.

Кенеди бил убиен од 24-годишен психолошки нестабилен тип, кој ни како платеник не можел да биде извршител на атентат врз претседателот на најмоќната држава во светот. Дилема е зошто само 48 часа по атентатот главнообвинетиот Ли Харви Освалд е замолчен од страна на Џек Руби, минорна фигура од ситниот бизнис во Далас.

li harvi osvald

Од она што се третираат како факти на теренот, изникнуваат неколку дилеми. Прво, несфатливо е како на американскиот претседател во доцните месеци на 1963 година му беше дозволено да прошета низ Далас во отворен автомобил, со што самиот станал цел (или некој го наместил на удар) во градот што имал антирасположение кон актуелната демократска власт во земјата.

Пропуст плус била и е необјасниво лошата безбедносна поддршка на претседателската колона, која движејќи се низ Далас, во еден момент морала да ја забави брзината на движењето на некои 16-17 км на час. Можниот атентатор лоциран во необезбедената градска библиотека, значи, имал совршено место над улицата низ која поминувал претседателот, имал и повеќе од потребно време да стрела и дури три пати да го репетира снајперот. Ли Харви Освалд имал време да истрела три куршуми, да го исчисти оружјето од отпечатоци, да слезе од библиотеката долу, а да не биде задишан, според изјавата на сведоците, да истрча неколку милји и, притоа, од рачен пиштол да убие полицаец, а потоа ладно да чека да биде уапсен во кино.

Седум дена по убиството, потпретседателот на САД, кој според Уставот ја презеде функцијата од убиениот Џон Кенеди, на 29 ноември ја формираше т.н. Воренова комисија, која имаше цел да ги открие и дефинира причините за атентатот, но и пропустите што доведоа до тоа. Една година подоцна, Комисијата дојде до заклучок дека Џон Кенеди бил убиен по самоиницијативна идеја и лично од единствениот вмешан во еден од најславните атентати во историјата: Ли Харви Освалд.

li harvi osvald

Џон Фицџералд Кенеди, 35. американски претседател, најмлада личност кога и да е избрана за американски претседател, на претседателската позиција остана неполни илјада дена. Поради никогаш нерасветлени околности беше убиен во Далас на 22 ноември 1963 година. Почина од два куршума истрелани во главата и речиси на раце на сопругата Жаклина на возраст од 46 години. Умре само 35 минути по атентатот кој до ден-денес остана неразјаснет.

Во една пригода и веќе во својство на американски сенатор, во доцните педесетти и пред да пројави претседателски амбиции, Џон Фицџералд Кенеди ќе изјави: „Исто како што јас влегов во политиката, бидејќи Џое (најстариот брат Џозеф) умре, доколку нешто се случи утре, мојот брат Боби (Роберт) ќе се бори за моето место во Сенатот. А доколку и Боби умре, Теди (Едвард) ќе го замени него“.

Џон и не знаел колку е во право предизвикувајќи ја судбината на Кенедиеви.

robert f kenedi
Тој бил второ од деветте деца на Џозеф Патрик Кенеди и неговата сопруга Роуз. Мајката Роуз, за која долги години се говореше дека е столб и двигател на кланот, била ќерка на градоначалник на Бостон, таткото Џозеф успешен бизнисмен и ценет бостонски политичар, а еден период имал и позиција во федералната власт за време на проектот „Њу дил“ на Френклин Делано Рузвелт. Одлични семејни предиспозиции, но семејството во кое беа и децата Џозеф, Розмари, Кетлин, Јунис, Патриша, Роберт, Џин и Едвард, не успеа…

Браќата на убиениот, Џон, Роберт и Едвард, влегоа во политиката по стапките на најуспешниот меѓу нив, но никогаш не го стигнаа. На 5 јуни 1968 година помалиот брат на Кенеди (и трет од машкото поколение во кланот), Роберт беше застрелан накусо откако како американски сенатор и сериозен демократски кандидат за претседател објави победа во Калифорнија. Сенаторот Роберт Кенеди, со стаж на јавен обвинител во администрацијата на својот убиен брат Џон, беше застрелан од палестинскиот имигрант Сирхан Сирхан, кој стрелаше од револвер во просториите на хотелот „Амбасадор“ во Лос Анџелес токму на излегување, иако беше под силна придружба. Роберт беше итно пренесен во болница каде што е извршен тежок хируршки зафат на мозокот, но наредниот ден почина. За 24-годишниот Сирхан Сирхан тоа беше одолжување кон татковината, бидејќи, наводно, сенаторот ја поддржувал израелската политика спрема Палестинците.

kenedi-500x630
Четвртиот и единствен жив брат од семејството, Едвард Теди Кенеди, умре пред пет години како почитуван американски сенатор, но тоа беше плафонот за последниот од Кенедиеви. Теди цел живот беше во сенка на една сообраќајна несреќа од 1968 година во која загина неговата 29-годишна секретарка, а тој го напушти местото на несреќата.

Трагедијата на Кенедиеви продолжи по смртта на синовите на Роберт Кенеди – Мајкл, кој загина за време на скијање, и Давид, кој умре од предозирање со дрога. Во 1999 година, синот Џон Џон Кенеди, чија слика како салутира на погребот на таткото Џон во 1963 година, заедно со неговата сопруга и свеска, загина управувајќи авион над Атлантикот. Вториот од трите деца на Џон и Жаклина, Патрик, умре 48 часа по раѓањето во летото 1963 година. Да биде „сагата“ комплетна, сопругата на најмладиот американски претседател, Жаклина, во 1968 година се омажи за Аристотелис Оназис, грчки бродосопственик и познат „колекционер“ на славни жени. Низ неговата „ергела“ помина и оперската дива Марија Калас.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1