Австриската полиција до Дунав најде банкноти вредни повеќе од 100.000 евра, кои од водата ги извадија пожарникари, соопшти денес полицијата.
Не е познато како парите стигнале во Дунав, ниту кој е сопственик.
Портпаролот на полицијата изјави дека во последниот период не е пријавена ниедна кражба.
Од полицијата апелираат дека ако сопственикот не биде пронајден, парите ќе му бидат вратени на наоѓачот, односно на човекот кој во саботата ги забележал еврата во Дунав и скокнал во реката да ги извади.