Кој има поголеми мускули – Путин и Медведев си ги измерија силите во теретана (ФОТО)


Кремљ објави фотографии од рускиот претседател Владимир Путин додека со премиерот Дмитриј Медведов вежба во теретаната со кои, се чини дека сака да го покаже мажественото тело на Путин, додека популарноста му опаѓа кај народот.putin vezba4

Путин по напорните претсседателски должности се одмора во Сочи. Друштво му прави Медведев.  Денот го започнале со појадок и кафе. Следувала скара со професионалниот готвач, а политичарите и самите одлучиле да ги покажат кулинарските вештини и го земале приборот за скара во рацете. По обилниот оброк, требало да се потрошат сите тие акумулирани калории. Потоа се упатиле во теретаната.putin vezba

Облечен во бела маица со кратки ракави, тренерка и патики, Путин неуморно вежба на справите за градење на мускулите во пропагандната порака налик на оние во кои своевремено е прикажуван како со разголено торзо јава коњ, управува со надзвучен авион и лови тигар.

За што политичарите тој ден разговарале не е познато, но судејќи според фотографиите, одлично си поминале.putin vezba1

Популарноста на Путин почна да опаѓа поради опаѓањето на економијата и рубљата која во слободниот пад на почетокот на годината веќе изгуби 50 отсто од вредноста поради падот на цената на нафтата и западните санкции поради улогата на Русија во украинската криза.

Но, за западните стандарди таа и понатаму е исклучително висока и изнесува 72 отсто, четири отсто помалку отколку во мај.putin vezba2

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1